Теоријата во науката

Зборот „теорија“ е веројатно еден од најупотребуваните термини во науката, но се чини дека е пропорционално исто толку погрешно интерпретиран надвор од неа. Што всушност претставува теоријата во науката? За да одговориме на ова прашање, за појдовна точка во предвид ќе ја земеме хипотезата.

Во наједноставна смисла на зборот, хипотезата е претпоставка која подлежи на нашето претходно поимање, искуство и интуиција. За да се постави хипотеза, треба да поседуваме минимум непобитни факти или документи со коишто се утврдува вистинитоста на феноменот. На пример—познато е дека луѓето со стареењето постепено ја губат способноста да слушаат дел од групата на фреквенции дистрибуирани во високите региони, па затоа честопати имаат проблеми да дослушуваат. Пред да го потврдиме ваквиот исказ, потребно е да спроведеме истражување коешто се одвива во неколку фази прикажани на следниот дијаграм (Слика 1). Иако може да наидеме на поинаку поставен истражувачки процес, карактеристиките кај сите варијанти на истражувања се генерално слични со прикажаниот дијаграм.
Доколку истражувањето го потврди исказот – како во примерот со губењето на слухот кај старите
лица – во тој случај, хипотезата ја нарекуваме истражувачка хипотеза. Доколку се потврди спротивното, добиваме нулта хипотеза. Во научното истражување неретко имаме случаи на отфрлање на хипотеза (нулта хипотеза), но тоа не значи дека истражувањето било залудно. Во многу случаи ваквиот исход помага во утврдувањето на факторите кои не влијаеле на феноменот. Кај истражувачката хипотеза пак, се користи определен степен на отстапување, односно хипотезата не се прифаќа целосно, бидејќи потполното прифаќање би значело поништување на самиот феномен. Во овој случај, секогаш ќе постои (барем мал) дел на отстапување којшто ќе биде во прилог на постоењето на феноменот.
Слика 1. Вообичаени етапи во истражувачкиот процес.

Централно значење во науката има теоријата која всушност е претстава на утврдените факти кои се однесуваат на закономерностите во природата и општеството. На пример, феноменот музика се објаснува преку теоретската дисциплина позната како Теорија на музиката (слика 2).
Слика 2. Феномен и теорија.

Сето ова може да се резимира со хиерархиски сооднос помеѓу хипотезите, теориите и науката илустрирано на Слика 3.
Слика 3. Една или повеќе хипотези сочинуваат теорија/и, една или повеќе теории сочинуваат наука/и.

Па така, теоријата за гравитацијата, теоријата за музиката, теоријата за еволуцијата итн., не се „само теории“, туку секоја од нив поединечно претставува збир на добро утврдени факти.





Comments