Пуштете тажна музика


Радоста претставува психолошка појава, поточно—емоционална состојба проследена со фино чувство на задоволство. Невронаучникот и филозоф Сем Харис, категорично ја оценува радоста како „отсуство на анксиозност“, односно оној човек што води релативно мирен и умерен психолошки живот веројатно може да се нарече себеси „среќен“. Но, неоспорен факт е дека дури и природно позитивните луѓе неретко се приморани да се соочуваат со секојдневието и честопати да им подлежат на непријатните емоции. Па така, со цел да се избегнат, луѓето претпочитаат да посетуваат забави, концерти и сл., заради подобрување на општото расположение. Без сомнение, од позитивното расположение има баеги придобивки, но што ќе се случи ако случајно налетате на концерт со тажна музичка содржина? Претпоставувам веднаш ќе посегнете по излезната врата, небаре сте се затекнале на мрачен хорор филм.

GIF credit: giphy.com
Но зачекајте! Една неодамнешна научна публикација (Van der Tol, 2016) од областа на психологијата го тврди токму спротивното—останете на концертот и продолжете со слушање. Зошто? Според истражувањето, слушањето на тажна музика може да ни помогне во справувањето и надминувањете со проблемите во предизвикувачки околности, како и да ни пружи утеха. Слушателот постепено се вовлекува и идентификува со музиката (и евентуално текстот) на авторот, со што се овозможува „излегување на крај“ со ситуацијата.

Во еден мој напис за едукативниот проект Наука за сите, пробав да ги издвојам психолошките механизми, со цел—разјаснување на факторите кои допринесуваат за појавата на емоции преку слушање музика. По сè изгледа дека воопшто не е лесно да се даде концизно објаснување што претставува тажната, односно весела музика. Генерално, знаеме дека тажната музика ги има следниве карактеристики: бавно темпо, ниски тонови, тивко свирење, употреба на специфични инструменти, соодветен аранжман/оркестрација и интерпретација. Сепак, според когнитивната психологија—она што го перципираме како среќна/тажна музика делумно е субјективен продукт на асоцијациите кои слушателот ги врзува со музиката. Како дополнително објаснување ќе цитирам дел од горенаведениот напис:

Евалутивно условување е психолошки процес тесно поврзан со Павловото условување, каде што се спаруваат музиката и позитивни/негативни настани од минатото. Популарната нумера Don't stop me now на бендот Queen на повеќето луѓе им изгледа како полетна и оптимистичка песна, но можеби истата ќе ве вознемири доколку честопати сте ја слушале со вашата поранешна девојка/момче“.

Во продолжение Ви ги доставувам моите „Топ 5“ музички парчиња со тажна содржина. Слободно додавајте и ваши предлози во секцијата за коментари, бидејќи после дождот—не е чудо и снег да надојде.

1. Richard Wagner — Tristan and Isolde (Overture)


2. Henryk Gorecki — Symphony No.3 "Symphony of sorrowful songs", Lento e Largo


3. Goce Kolarovski — Preludes for Violin and Piano


4. Angelo Badalamenti — Twin Peaks (Instrumental Theme)


5. The Smiths — Asleep


Comments

Post a Comment