Најтажната песна на Radiohead

Веројатно повеќето од нас стекнале асоцијации кои ја карактеризираат музиката на бендот Radiohead како тажна, мрачна и депресивна. Во еден мој претходен напис пробав делумно да ги разјаснам природата и потеклото на тажната музика, па така, следнава вест е во прилог на оние кои неумоливо трагаат по тажни парчиња музика, а верувам дека такви се токму обожавателите на овој бенд.

Земајќи ги во предвид горенаведените индикатори (тажна, деприсивна и сл.) кои се врзуваат со музиката на бендот, истражувачот и аналитичар Чарли Томпсон се сетил на една интересна идеја, а тоа е—да направи компаративна анализа на сите песни од Radiohead и да се обиде да ја пронајде најтажната песна. Податоците ги побарал на дигиталниот музички сервис www.spotify.com преку алатка која овозможува мерење на вредностите на песните како: игривост, енергичност, гласност, темпо итн., добиени од посетителите и членовите на веб-страната, но и со анализа на текстовите на секоја од песните.

Томпсон ги анализирал количините на три клучни вредности:


Валентностпсихолошка вредност поврзана со расположенијата, односно позитивната валентност означува повеќе радост и еуфорија, и обратно, негативната валентност означува лошо расположение и тага.


Индекс на тажни зборови — Томпсон ја добил оваа вредност преку анализа на зборовите на секоја од песните поединечно со помош на т.н. емо-лексикон, којшто за задача има да ги групира зборовите според емотивното значење и нивното користење во определен емотивен контекст.


Текстуална динамикабројот на зборови употребени во дадена песна.

За да го добие саканиот резултат, Томпсон ја пресметал средната вредност на валентноста и тажните зборови на секоја песна помножени со текстуалната динамика преку следната равенка:


А конечниот резултат е... Voalá:



Интересен податок кој ни дава мал статистички увид во концептот на тажната музика. Можеби единствен недостаток на ова истражување е неможноста авторот јасно да објасни дали резултатите се однесуваат на најтажната песна, или пак, на најдепресивната песна. Иако овие два поими може да ги сметаме за синоними, сепак, во реалноста тие претставуваат прилично различни психолошки појави. Целото истражување е достапно на следниов линк: http://rcharlie.com/2017-02-16-fitteR-happieR/

Comments