Време е за бојадисување
Малку е прерано за прогласување пролет, сепак, последниве сончеви денови ме инспирираа (како мало дете) да напишам збор-два за зеленилото и разнобојноста коишто пролетта со себе ги носи. Ваквата состојба е претежно резултат на сончевата светлина, па затоа клопчето ќе почнеме да го отплеткуваме оттаму.
Во основа, светлината е електромагнетно зрачење кое опфаќа широк спектар од којшто само мал дел е видлив за нас (~ 400-700 нанометри). Опсесивно интересирање за светлината и нејзината природа покажал еден од најголемите умови на сите времиња—Исак Њутн. Неговиот прочуен експеримент каде светлината минува низ призма (истиот е илустриран на обвивката на славниот албум The Dark Side of the Moon на бендот Pink Floyd) покажува дека сончевата светлина има бела боја, која пак е збир од сите бои од кои е сочинето виножитото (слика 1). Биологот Ричард Докинс во неговата книга Unweaving The Rainbow мошне вешто посочува дека нашите очи ги забележуваат само боите застапени на виножитото, односно црвената, жолтата, зелената, сината и виолетовата боја, како и комбинациите произлезени од нивното мешање.
Процесот на разложување на сончевата (бела) светлина се нарекува рефракција. Тоа делумно може да го забележите на зајдисонце кога Сонцето ја добива карактеристичната жолто-црвеникава боја. Светлината влегува под агол од една средина (вакуум) во друга (атмосфера), постепено менувајќи ја фазната брзина а со тоа и својствата. Во примерот со призмата, светлината е целосно поделена на слоеви. Њутн ваквиот ефект го нарекол спектар. Во природата, сончевата светлина постојано прави специфична интеракција со предметите и објектите (апсорпција и емисија), поради што нашите очи ја имаат неодоливата можност да го перцепираат светот и сета негова живописност. Оваа констатација етапно нè води кон едно фундаментално прашање кое честопати го слушаме кај децата: „Мамо/Тато, зошто растенијата се зелени?“—прилично незгодно прашање, нели?
Веројатно најкусиот можен одговор којшто би можеле да им го понудиме, би гласел: сончевата светлина е сочинета од сите бои на виножитото каде што растенијата ги апсорбираат сите освен зелената, поради што растенијата се зелени.
Сепак, ќе се обидам на краток и едноставен начин да го дообјаснам овој интересен феномен преку неколку илустрирани примери. За почеток, да земеме лист од некое растение и да погледнеме во неговата внатрешност (слика 2).
Во основа, светлината е електромагнетно зрачење кое опфаќа широк спектар од којшто само мал дел е видлив за нас (~ 400-700 нанометри). Опсесивно интересирање за светлината и нејзината природа покажал еден од најголемите умови на сите времиња—Исак Њутн. Неговиот прочуен експеримент каде светлината минува низ призма (истиот е илустриран на обвивката на славниот албум The Dark Side of the Moon на бендот Pink Floyd) покажува дека сончевата светлина има бела боја, која пак е збир од сите бои од кои е сочинето виножитото (слика 1). Биологот Ричард Докинс во неговата книга Unweaving The Rainbow мошне вешто посочува дека нашите очи ги забележуваат само боите застапени на виножитото, односно црвената, жолтата, зелената, сината и виолетовата боја, како и комбинациите произлезени од нивното мешање.
| Слика 1. Белата светлина е производ од сите бои во видливиот спектар. Исто така, светлината е одговорна за одвивањето на процесот на фотосинтеза во растенијата. |
Веројатно најкусиот можен одговор којшто би можеле да им го понудиме, би гласел: сончевата светлина е сочинета од сите бои на виножитото каде што растенијата ги апсорбираат сите освен зелената, поради што растенијата се зелени.
Сепак, ќе се обидам на краток и едноставен начин да го дообјаснам овој интересен феномен преку неколку илустрирани примери. За почеток, да земеме лист од некое растение и да погледнеме во неговата внатрешност (слика 2).
Слика 2. Хлоропластите се својствени само за растенијата. Во
нив се сместени молекулите на хлорофил со зелен пигмент, преку кои се одвива
интеракцијата со видливата светлина (фотосинтеза).
|
Иако повеќето од нас немаат баш таков впечаток, растенијата горедолу функционираат на сличен начин како животинските организми. Од илустрацијата може да забележиме дека листот поседува епидермичен слој, ткиво, клетки, васкуларен систем итн. Она што нас не интересира е малите телца—хлоропласти содржани во листот (слика 3).
Предметите што апсорбираат нискофреквентна светлина ќе рефлектираат сина боја, и обратно, предметите што апсорбираат високофреквентна боја ќе рефлектираат црвена боја. Исто така, пролетните цвеќиња ја добиваат својата боја на речиси идентичен начин како лисјата. Затоа кога некој ќе почне да ги цитира славните стихови „Ружите се црвени, љубичиците сини“ ќе знаете зошто е тоа така.
Илустрациите се преземени и адаптирани од учебникот Biology—N. Cambell; J. Reece. (2005)

Comments
Post a Comment