Музиката и етологијата
Музиката се смета за културна појава и ретко се поврзува со истражувањата во научната дисциплина позната како етологија, којашто за цел има да го набљудува однесувањето на живите организми. Па затоа, во овој напис ќе се обидеме да разгледаме неколку аспекти поврзани со обете: музиката и етологијата.
Организмите користат сигнали и знаци како комуникациски акт којшто вклучува видливи и физиолошки промени кои потенцијално прават промена во однесувањето на набљудувачот. Да замислиме дека чекориме низ шума и одненадеж здогледуваме релативно големо (поголемо од нас) крзнено кафено животно на две нозе со широко отворена уста од којашто надзираат остри заби. Од само неколкуте набројани атрибути веројатно веќе сфативте дека станува збор за мечка. Во моментот кога ја здогледуваме и слушаме, во свеста се формира претстава за што станува збор и со што всушност се соочуваме. Се чини дека она што најпрвин забележуваме кај набљудуваниот субјект е физичката големина. Впрочем, големината на набљудуваниот субјект може значително да ги менува перцепцијата и однесувањето кај набљудувачите (Cooper & Stankowich, 2010). Генерално, појавата на големо животно сигнализира опасност—како во примерот со мечката. Од друга страна, пак, појавата на мало животинче (на пр., зајче) може предизвика обратна реакција—чувство на симпатија и емпатија.

Веројатно истата генерализација можеме да ја направиме и со звуците. Ниските, гласни и ненадејни звуци сигнализираат доминација, додека високите и тивки звуци сигнализираат пријателство (Morton, 1977). Истиот механизам суштествува и во човековите вокализации (Bolinger, 1978). Кај луѓето, степенот на полов диморфизам во регистарските особености на вокализациите помеѓу мажите и жените е најизразен од сите други карактеристики. Доказите од домородното население Цимане, сугерираат дека вокализациите со ниска фреквенција еволуирале, пред сè, за заплашување на конкурентите, а дури потоа можеби добиле секундарна функција за привлекување на партнери (Rosenfield, Sorokowska, Sorokowski, & Puts, 2019). Ваквиот звучен симболизам е евидентен и во музиката. Кога една мелодија ќе се транспонира во најразлични регистри (висини), луѓето ја перципираат на начин којшто се поврзува со социјалната доминација и хиерархија (Huron, Kinney, & Precoda, 2006). Високите мелодии ни звучат пријатно, милозвучно и помалку застрашувачки од ниските мелодии (слика 1).
Ваквиот исказ е фино илустриран во оперите каде што негативните улоги обично се изведувани од ниски гласови како бас и баритон, додека хероите од тенори (слика 2) (Shanahan & Huron, 2014). Исто така, самите изведувачи прават карактеристични изрази на лицата како резултат на силното емотивно доживување за време на изведбата. Во моментите кога изведуваат високи ноти, нивните веѓи имаат тенденција да се издигаат кон челото, а за време на изведување на ниски ноти опаѓаат и се составуваат (Huron & Shanahan, 2013). Дури и кога не го користиме гласот, при изведувањето на некој инструмент, на пример, пијано, несвесно ги подигаме веѓите кога свириме во високи регистри, а ги спуштаме кога свириме во ниски регистри (Bonfiglioli, Caterina, Incasa, & Baroni, 2006). Ваквите појави во музиката се конзистентни со етолошките принципи и мултимодалните сигнализирања во животинското царство.
![]() |
| Слика 2. Распределба на оперските улоги (херои и негативци) кај 65 машки вокали. |

Comments
Post a Comment