Академијата во сенка
Кога ќе го споменеме зборот наука, веднаш како асоцијација ни надоаѓаат имиња на научници како Ајнштајн, Кири, Хокинг, Дарвин и многу други, коишто во буквална смисла на зборот, направиле револуција и пресврт во основните академски дисциплини како физиката, хемијата и биологијата. Но се чини дека едно делче од сложувалката наречена наука упорно се избегнува во секојдневните и научните дискусии. Тоа делче е познато под терминот човекова природа.
Денес истражувачките и научните кругови претежно se под влијание на таканаречената либералната левица, па токму поради тоа, еволуциската психологија и биологија претставуваат многу поголем проблем во академските дискусии за разлика од останатите дисциплини. На пример, еден од тие проблеми е полето во кое се истражуваат половите разлики. Знаеме дека либералните принципи инсистираат на еднаков третман меѓу мажите и жените, поради што кај политичките лево-ориентирани лица постои тенденција резултатите од студиите на полови разлики пристрасно да се толкуваат како лажни и преувеличени. Бидејќи научните истражувања неретко вклучуваат голем број на индивидуи, на ниво на популации неизбежно се пројавуваат значајни разлики меѓу групите. Тие делумно се вродени, а делумно стекнати преку процесот на социјализација, и како такви, нивното спознавање може да послужи за постигнување на прагматични бенефити и подобрување на квалитетот на живеење кај индивидуите, како на пример, развивање на посебни таргетирани третмани за менталните заболувања кај машки и женски единки.

Полови разлики?
Денес се' почесто се игнорираат половите разлики и се инсистира родово неутрални термини. Овие антинаучни и постмодернистички движења зедоа силен замав и почнаа силно да влијаат врз академијата, која наместо бастион на слободната мисла и аргументирана критика базирана на емпирија, полека станува дувло на академици-кукавици уплашени од мејнстрим наративот. На пример, во современите студии за вакцинација на бремени жени сега се користи терминот „бремени луѓе“, а неодамна еминентниот журнал за наука Lancet објави напис во кој зборот „жени“ го замени со „инклузивниот“ термин „тела со вагина“. Проблемот се состои во тоа што исклучоците се израмнуваат со правилата. Под тоа мислам на фактот што никој од нас не познава маж способен за овлулација и менструација, ниту пак жена способна за оплодување на јајце клетка, односно женска гамета. Друга работа е што со ваквиот гест списанието не само што негира базична наука, туку и демонстрира крајна мизогинија и дехуманизација на женскиот пол.
Човековиот вид е дел од таканареченото полово размножување кое веќе две милијарди (2 000 000 000) години управува со мнозинството жив свет. Егзистирањето на половите е универзална појава, исто како што се бројот на прстите на нашите раце и нозе. Секако дека постојат исклучоци на лица со вродена маана коишто имаат помалку прсти, но тоа воопшто не претставува доволно сериозна причина за да престанеме да веруваме дека петте прсти на рацете и нозете се човекова универзалија, па како последица во учебниците ќе учиме дека нашиот вид всушност има различен број на прсти, во зависност од индивидуата до индивидуа? Звучи сулудо, нели?
За да бидат работите појасни, тука не се работи за имање обзир и емпатија кон поедини маргинализирани лица и заедници, туку за имање обзир кон вистината и кон она што е научно потврдено преку добро дизајнирани експерименти години и векови наназад. Наметнувањето искривена вистина е само плодна почва за тоталитаризам и може само да се надеваме дека за некое време нема да дојде до наметнување на други нови „факти“ коишто потенцијално ќе се употребат за угнетување на цели групи луѓе.
Патем половите разлики се резултат на воспоставувањето на една поодамнешна теорија позната како теорија за биолошката еволуција. Откритието на еволуцијата неретко предизвикувало страв и гадење кај многу политичари, мислители и академици. Од една страна, се чини дека со идејата се нарушувал балансот на религиските догми, бидејќи еволуциските искази биле во спротивност со религиските сфаќања за животот и смртта. А се појавиле и опасни тенденции каде што определени аспекти од теоријата биле намерно експлоатирани во разни злобни идеологии како расизмот и сексизмот. Како пример може да се земат разликите во интелигенцијата меѓу групите (особено меѓу расите) коишто до ден-денес се предмет на многу контроверзии. Огорчени од ваквиот пристап, многу истакнати научници и филозофи (Џ. Вотсон, Б. Скинер, Маркс, Хегел) почнале да ги игнорираат и отфрлаат сфаќањата за еволуираната природа и вродените особини на човекот, со што се образувала и популаризирала идејата дека човековиот ум и однесување се исклучиво последица на учењето на културните и општествените принципи—нешто што, исто така, резултирало со фатални последици кај комунистичките режими.
Наследство и воспитание
Наследството и вроденото се последица на нашите гени, додека пак, воспитанието е последица на средината и социјализацијата. Застапниците на обете гледишта, честопати ги земале резултатите од истражувањата здраво за готово. Ваквите погрешни толкувања имале силни импликации врз мноштвото политички и воени случувања од 20-ти век, а нивното влијание е присутно дури и во денешно време. На пример, елементите на расизам во фашистичката идеологија довеле до масовен геноцид на милиони евреи и противници на фашистичкиот режим. Ваквото политичко гледиште било под влијание на биолошкиот детерминизам. Погрешното верување во расна супериорност и дехуманизирањето на „непријателот“ се користеле за да се оправдаат политиките на угнетување и убивање.
Од спротивниот табор, марксистичките режими и нивното негирање на човековата природа, исто така, довело до масовни убиства и измачувања на милиони луѓе. Марксиситичката идеја е донекаде во линија со бихевиоризмот и енвироментализмот, чии постулации се темелеле на верувањето дека сите луѓе се раѓаат исти и дека средината и воспитанието се главните фактори што го определуваат однесувањето и животот на единката. А како последица, оние поединци кои се истакнувале со успеси биле прогонувани, понижувани и убивани, бидејќи нивниот успех бил ултимативен доказ за сторен криминал.
Излегува дека науката честопати била злоупотребувана за разни политички цели. Денес постои научен консензус дека обете, гените и воспитанието, играат соодветна улога во формирањето на единката, а ваквиот модел е познат и како теорија на интеракционизам. Затоа, при анализата на емпириските податоци, од особена важност е да не се поистоветува биолошката идентичност со концептот за социополитичка еднаквост.
Натуралистичка и моралистичка заблуда
Разграничувањето на овие две збунки во размислувањето е неопходно за појасно разбирање на човековата природа, како и за подобро толкување на произнесените заклучоци без запаѓање во банални стереотипизирања. Треба да имаме на ум дека податоците од истражувањата ги сумираат резултатите онакви какви што се, без да се придржуваат кон определени морални принципи и без да бидат водени од предрасуди. Но, токму поради тенденцијата на пристрасно интепретирање кај пошироката публика, во науката се појавила нужност за коцептуализирање на две збунки во размислувањето познати како натуралистичка и моралистичка заблуда.
Натуралистичката заблуда се огледа во тенденцијата да се мисли дека сѐ што е природно е во основа добро и морално. Ова размислување обично кореспондирало со расизмот во фашистичката идеологија или со сексистичкиот третман на жената. Еден таков пример е стереотипичното согледување дека мажите и жените имаат соодветни ролји и должности во семејниот живот. Спротивност на натуралистичката е моралистичката заблуда—тенденција да се верува дека сѐ што е морално и добро, по дефиниција е и природно. Оваа заблуда е пример за размислувањето кај марксистичките режими, кои во името на егалитаризмот и еднаквиот третман донеле само пустош. На пример, морален императив е еднакво да ги третираме и мажите и жените, но самиот тој факт не значи дека мажите и жените се биолошки еднакви. Впрочем, секој поединец без разлика на пол, раса и нација, е единствен и уникатен примерок.
Заклучок
Кога анализираме или интепретираме податоци од домени како што се еволуциската психологија/биологија и бихевиоралната генетика, многу важен дел од процесот е да не произнесуваме морални заклучоци, туку да се обидеме да ги следиме доказите и да ја изложиме вистината, бидејќи вистината е она што навистина треба да нѐ интересира.

Comments
Post a Comment